Паметните уреди за дома сè повеќе ни го олеснуваат секојдневието, овозможувајќи ни да се фокусираме на други поважни работи. Чистењето на домот е обврска која сите со задоволство би ја префрлиле на некој друг. А сега тоа навистина е можно. Lenovo неодамна во своето портфолио на паметни уреди за домот ги претстави супер паметните робот правосмукалки. Станува збор за три различни модели: E1, T1 и Т1 Pro кои веќе се достапни и на македонскиот пазар. Со голем број на иновативни функции овие робот правосмукалки се претвораат во незаменлив помошник во домот, заштедуваат време и се достапни по неверојатно пристапни цени.

Лесно управување преку смартфон

Роботот се поврзува со вашиот смартфон преку Lenovo Cleaner апликацијата, овозможувaјќи лесно управување со сите поставки. Интерактивната мапа нуди различен режим за чистење на одредени области и неограничени виртуелни граници за да избегнете предмети во домот. Преку апликацијата можете далечински да исчистите во секое време, како и да го видите статусот на работа на роботот и картичката за чистење во реално време.

Интелигентен домашен помошник

Благодарение на вградениот ласерски AI систем за навигација, робот правосмукалката чисти прецизно по оптимална патека, запомнувајќи ги зоните кои се веќе исчистени. Специјализирани сензори ја штитат од паѓање по скали и отворени зони на спратови, притоа осигурувајќи дека правосмукалката никогаш нема да се заглави, дури и околу кревети, софи и други тешко достапни места во домот.

Апсорбирање на сè одеднаш

Со висок капацитет на вшмукување, роботот лесно може да апсорбира прашина, влакна и други остатоци истовремено чистејќи го подот. Интелигентно ја менува моќноста, прилагодувајќи се на различни видови на подови. Работи одлично и на тврди подови и на теписи. Ги опфаќа рабовите и ја собира нечистотијата и од недостапните агли.

Правосмукалка или џогер? Вие одберете!

Роботот има 3 различни режими на користење. Само всмукување, истовремено всмукување и џогирање или само џогирање.

Батерија која трае со часови

Сите модели се опремени со моќни батерии, овозможувајќи чистење на целиот дом со само едно полнење. А кога батеријата сепак ќе се испразни, робот правосмукалката автоматски се враќа кај базата за полнење, така што можете да бидете сигурни дека секогаш ќе биде наполнета и спремна за чистење.

Корпа за прашина која се чисти неверојатно брзо

Роботот има лесно достапна корпа за прашина која се чисти за секунди, а моделот Т1 Pro има и автоматско чистење. Овој модел автоматски ја чисти корпата за прашина во торбичка за еднократна употреба која лесно се отстранува без да пропушта прав.

Робот правосмукалките од Lenovo се создадени да ви го олеснат секојдневието на секој можен начин. Има ли нешто повеќе што може да посакате?

За повеќе инфромации поврзани со производите следете нè на Facebook и Instagram.

Претходна статијаДеспотовски на ЕУ конференција за иновации: Очекуваме ЕУ финансиски да го поддржи Регионалниот инвестициски фонд
Следна статијаНекои од идните Galaxy Z телефони може да дојдат со екран кој се „намотува“

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.