Приватност? Што беше тоа? Можеби пред да започне револуцијата на електронските уреди, и сме знаеле како тоа изгледа. Денеска, не знаеме од која страна попрво да се заштитиме.

Хакерите не се новина, но во минатото обичните смртници не требаше да се плашат дали некој ќе им упадне во системот и ќе ги користи и продава нивните информации како што е случај денес.

Со развојот на технологијата се полесно можат да се следат навиките на корисниците.

Лесна мета за напади се паметните телевизори, бидејќи не нудат високо ниво на безбедност. Засега тие не се цел на хакерите, но сепак, претставуваат закана. Едноставно, преку нив хакерите полесно можат да пристапат до вашата мрежа и да влезат во вашите компјутери.

Моментално, главна закана се производителите на телевизори и апликации кои се инсталирани на нив. Преку телевизорите тие прибираат информации што ние гледаме, какви се нашите навики. Тие информации ги користат за лични цели или ги продаваат на трети лица.

Тие не само што можат да го гледаат тоа што ние го гледаме, туку можат и да не гледаат и слушаат, бидејќи некои модели во нив имаат вградени веб камери и микрофони. Најлесен начин да се заштитиме е да не ги поврзуваме со интернет. Тоа би значело дека тие повеќе нема да се „паметни“. Сепак, треба да се запрашаме – што ни е побитно, интернет на телевизорот или личната заштита.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаРусија со нови мерки на „заштита“ во дигиталната ера
Следна статијаПрва македонска компанија која добива меѓународна награда за мулти платформско решение