xkwd3Ab

AVG е компанијата која стои зад овој производ. Исто така познати по антивирус софтверот, AVG се обидува да алудира дека приватноста е премногу нарушена со сите паметни уреди, улични камери и слично, активни во поголемиот дел од времето околу секој од нас. Доколку не сакате вашето лице да биде поврзано со вашите интернет профили така едноставно, особено не од случајни минувачи, AVG работи на решение за тој проблем.

Иако ова не е производ што ќе биде на полиците во продавниците сега за сега, како концепт е релативно едноставен. Целта е да го покрие лицето на корисникот доволно за софтверот што препознава лица да нема доволно информации за да го открие идентитетот на корисникот.

Очилата се составени од десетина инфрацрвени LED диоди кои иако емитуваат доста силна светлина, таа е невидлива за човечкото око. Но за било кој вид на камера е целосно видлива и бидејќи е директно силно светлото, тоа создава многу дисторзии и рефлексии кои покриваат добар дел од лицето на корисникот.

Како додатен бонус е фото рефлективниот материјал (материјал сличен на уличните знаци кои се јасно видливи навечер и со мали количини на светло) кој стапува во акција кога ќе се додаде блиц во равенката. Бидејќи блицот е доста силно светло, рефлективниот материјал одбива многу повеќе светлина назад кон камерата од што би рефлектирала човечката кожа, па со тоа се постигнува релативнио истиот ефект како со инфрацрвените диоди.

japanese-invis-goggles

Иако AVG не се првите кои се појавиле со ваков производ, нивниот изгледа наједноставен. Претходниот концепт на група Јапонци изгледа како модифицирани заштитни наочари, што ретко кој би ги носел во јавност.

Извори: Geek, Cnet

Претходна статијаПаметен Bluetooth звучник што може да ве следи наоколу
Следна статијаChrome за Android со неколку новости во новите верзии