Телевизорите направени со MicroLED технологија се сметаат дека ќе го преземат приматот на најдобри телевизори од тие направени со OLED. MicroLED ја има предноста на OLED технологијата, секој пиксел посебно и независно се осветлува и се добива одличен контраст, но има и додатни предности кои не се дел од OLED, како на пример не користењето на органски материјали, поголема енергетска ефикасност и можност за потенки екрани. Сето ова плус посилна светлина и бои од OLED, ќе направи да овие телевизори бидат тоа што пред некоја година беше OLED.

Затоа и првите вакви телевизори кои се појавуваат на пазарот се доста скапи, а C SEED производителот од Австрија го има и можеби најскапиот телевизор наменет за домашна употреба на пазарот.

C SEED M1 TV е телевизор кој има цена од 400.000 долари и тоа е без додатните градежни работи кои ќе треба да ги направи корисникот за да може да ги искористи сите карактеристики на овој уред.

Главната карактеристика по која C SEED M1 се истакнува е неговата можност да се склопи и скрие во подот, со што во просторијата нема да го зафаќа просторот огромниот екран од 165 инчи, со 4К резолуција.

Поради тоа што MicroLED панелите уште немаат можност да се превиткуваат, М1 е составен од 5 посебни панели кои се издвојуваат и склопуваат едни до други правејќи можност да бидат поставени во подот или посебна комода доколку нема можност за поставување во подот како во повеќето станови.

Од компанијата истакнуваат дека тие користат посебна технологија која овозможува да не може да се познае делот каде се спојуваат посебни панели, па корисниците добиваат непрекината слика на сите 165 инчи од телевизорот.  

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2C SEED
Претходна статијаVolvo најави дека до 2030 во својата понуда ќе има само електрични возила
Следна статијаСо Live Rooms, Instagram го дуплира бројот на учесници во емитувањето на пренос во живо
Avatar
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.