Фото dlohner од Pixabay

Проширената реалност е технологија на која тек и доаѓа времето. Иако се достапни повеќе уреди кои одлично ја покажуваат можноста која ја нуди оваа технологија, сепак масовната продажба уште не е почната.

Планирањето да се биде дел од пазарот за проширена и виртуелна реалност е нешто што мора да го направи компанија каква што е Apple. Тоа ќе биде пазар за кој ќе се развиваат огромен број на апликации, а тука се секако и продажбите на самите уреди. Самите Apple имаат истакнато дека проширената реалност е голема идеја, голема како мобилните телефони.

Иако повеќе пати можеше да се прочитаат шпекулации за тоа дали Apple работи на уред за проширена реалност, каков ќе биде тој и кога ќе биде претставен, The Information излегоа со информација дека такво нешто може да се очекува во 2022.

Според нив, Apple веќе има креирано тим којшто работи на развојот на два уреди. Се работи за уред за проширена реалност, нешто слично на Oculus, како и втор уред кој би бил претставен година дена подоцна и е помал, односно очила за проширена реалност.

Според информациите, уредот ќе има камери и сензори кои прецизно ќе можат да ги следат луѓето и предметите кои се пред него, а поради тоа и точно ќе може да ја постави проширената, односно виртуелната реалност врз нив.

Од Apple се очекува уште од идната година да почне да комуницира со програмерите кои би можеле да почнат да ги развиваат своите апликации пред претставувањето на уредите.

Секако, ова се неофицијални информации, но веруваме дека се прилично точни, а до 2022 сигурно ќе можеме да прочитаме уште доста за овие уреди од Apple.

Доколку се види работата на компанијата, не е чудно што тие би „каснеле“ до волку на пазарот. Apple се познати по тоа што претставуваат доста работи кои веќе се достапни, но тие чекаат додека можат да ги усовршат и обично стануваат поуспешни од дотогаш достапните конкурентни производи.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаGalaxy S11 ќе дојде со поголеми екрани и сите верзии ќе го имаат Infinity екранот
Следна статијаFirefox 72 ќе ја менува бојата на „scrollbar“ лентата според бојата на позадината на веб страната
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.