Windows Server 2003 официјално престана да биде поддржуван од Microsoft пред два дена. Тоа значи дека овој оперативен систем веќе нема да ги добива ни основните безбедносни надградби, а надградбите за нови функции веќе одамна се прекинати по влегување на системот во продолжената поддршка.
Нешто слично како со прекинувањето на поддршката за Windows XP, не толку мал број на корисници се’ уште ја користат веќе 12 години старата сервер верзија од Windows.
Бројот на корисници се разбира не е огромен како што тоа е случајот со обичните десктоп верзии од Windows, меѓутоа сепак според некои истражувања, можно е да до 20% од корисниците на некоја од Windows Server верзии, се’ уште ја користат 2003 верзијата.
Прекинот на поддршка значи дека корисниците кои што ќе одлучат да продолжат да го користат оперативниот систем се изложуваат на потенцијален ризик од ново развиен малициозен софтвер, односно од ново откриени пропусти.
Извор: PCMag