Фото: Shutterstock.com

Поминати се три години од претставувањето на Windows 11, но оваа верзија од Windows не е главната кога е во прашање пазарниот удел. Голем дел во тоа има и ограничувањето кое Microsoft го постави за процесорот на компјутерот, но не е само тоа проблемот.

Windows 11 во мај дури забележа пад на пазарниот удел кој беше пренесен кај Windows 10, а трендот на користење на постарата верзија е доста популарен. Windows 11 во мај падна на 26% од Windows компјутерите, додека Windows 10 се искачи на скоро 70%.

Статистиките обично доаѓаат од познатата Statcounter, па најновите повторно од истиот извор покажуваат подобрување на позицијата на Windows 11.

Во јуни, Windows 11 има стигнато до скоро 30% пазарен удел, поточно 29,71%. Со тоа очекувано Windows 10 има пад на уделот, па оваа верзија сега ја користат 66,1% од Windows корисниците.

Интересно е што Windows 7 го користат 2,95%, а има и 0,39% корисници на Windows XP.

Во периодот што следи мислам дека може да се очекува да продолжи растот на пазарниот удел на Windows 11. Причините за тоа се во новите Copilot+ компјутери со вештачка интелигенција и новите и доста подобрени Snapdragon X чипови.

Корисниците на Windows страната конечно имаат одлична алтернатива на MacBook компјутерите, па заедно со ВИ, ќе има доста причини за купување на нов компјутер.

На тоа треба да се додаде и истекот на поддршката за Windows 10, а корисниците имаат уште година и нешто да се тргнат од овој систем.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаСтарт менито во Windows 11 добива нова лента за прикажување на информации од поврзаниот Android смартфон на корисникот
Следна статијаSamsung ги поканува обожавателите ширум светот да уживаат во Galaxy Experience Spaces прикажувајќи го следното поглавје на Galaxy AI
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.