Главната верзија на Windows која ја користат корисниците во светот останува да биде Windows 10. Овој оперативен систем не само што не покажува знаци на намалување, тој изминатиот месец повторно врати дел од својот изгубен пазарен удел.
Скоро 70% од корисниците работат на Windows 10, додека тој процент кај Windows 11 изнесува 26%. Windows 11 едно време успеа да стигне до 30%, меѓутоа пазарниот удел повторно му е намален на сметка на постариот Windows 10.
Причината за оваа состојба мислам дека прилично јасна. Microsoft постави посериозни побарувања за да еден компјутер биде компатибилен со Windows 11, а со надградбата за оваа година тие побарувања можно е да бидат и дополнително зголемени.
Поради тоа голем дел од корисниците уште од почетокот немаа можност да го надградат својот компјутер, па со тек на време може да се каже дека јави и стандардниот отпор кој е карактеристичен за голем процент од корисниците.
Како што беше случајот претходно со популарноста на Windows 7, на сметка на Windows 10, сега истото се случува и со Windows 11, но овој пат доста засилено и од страна на Microsoft.
Статистиката доаѓа од познатата компанија Statcounter на чија страна и може да се видат бројките.
Ситуацијата изгледа не е толку „лоша“ за Windows 11 кога се во прашање гејминг корисниците, па според бројките од Steam, овој систем држи околу 45%, а бројката продолжува да се зголемува.
Ова не изненадува со оглед на фактот што гејмерите почесто гледаат да се во тек со најновото кога е во прашање хардверот, па побарувањата кои ги поставува Microsoft не се проблем за нив.