„Сокриена“ во Dev каналот од Windows 11 Preview нова функција се подготвува да стане дел прво од тест верзиите од системот, па подоцна од финалните. Се работи за многу мала функција, но една од тие кои се чудиме зошто Microsoft ја нема имплементирано уште од почеток поради нејзината корисност. 

Се работи за можноста да се додаде процентот на батеријата до иконата во долната лента од системот. Иконата ја покажува состојбата на батеријата, но корисниците треба да проценат од степенот на тоа колку е „намалена“ иконата, а доколку сакаат да го видат точниот процент мора да поминат со глувчето врз истата или да користат некоја апликација за истото. 

Сега Windows 11 ќе ја добие оваа можност како дел од системот, па корисниците ќе можат да изберат дали сакаат да се покажува процентот до иконата преку Settings. 

Повеќето други системи кои ги имам користено ја имаат оваа можност, па мора да се каже дека ова е типично за Microsoft да доцни со една ваква корисна ситница. 

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаРСБСП под мотото #СтавиПојас во нова кампања за подигнување на свеста и намалување на жртвите во сообраќајни незгоди
Следна статијаJavaScript ќе мора да биде вклучен во прелистувачот за корисниците да можат да го користат Google Search
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.