Одличниот Панос Панај, кој пред неколку месеци му беше додадена одговорност да покрај Surface уредите, под негово водство биде и развојот на Windows, објави блог во кој пишува за иднината на Windows во овие променети времиња во светот.

Популарноста и одличните дизајн и изработка на Surface уредите покажаа дека Панај одлично ја извршува својата работа, па најавата дека и Windows ќе стане негова одговорност ги зголеми очекувањата на фановите. Додатно, развојот на хардверот и софтверот во еден сектор од компанијата секако е предност и нешто што ќе донесе поголема унифицираност на производите.

Тој во својот блог пишува за тоа дека корисниците можат да очекуваат многу повеќе да се иновира кај Windows 10 во наредниот период, а тоа ќе може да се забележи веќе во наредните два празнични периоди, што во САД се смета периодот околу декември.

Што точно може да се очекува не е истакнато, па ќе остане да го видиме резултатот и да претпоставуваме од неговата изјава во блог објавата:

„May 2020 надградбата е само првиот чекор. Како тим, ние сме посветени кон донесување на значајни иновации на начини кои ќе им значат најмногу на милијарда луѓе низ светот кои се ослонуваат на Windows сега. Затоа, овие празници и наредниот, ќе ја забрзаме иновацијата во Windows 10 за да се осигуриме дека Windows уредите се најдобриот начин да се работи, учи и игра. Ќе направиме важни подобрувања во секоја од овие области.“

Покрај ова, Панај најави и дека Windows 10X ќе стане достапен прво кај уредите со еден екран, како што се лаптопите и 2 во 1 уредите. Оваа одлука доаѓа по одложувањето на претставувањето на уредите со двоен екран, како што е најавениот Surface Neo, за идната година.

Корисниците на овој начин ќе можат порано да го видат новиот Windows 10X кој функционира со различно Старт мени, долна лента, како и другите апликации кои ќе ги видиме кога ќе биде официјално пуштен за корисниците.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаКако најпознатата македонска апликација за мерење на загаденоста на воздухот помага на фамилии погодени од COVID-19 пандемијата
Следна статијаКако да препознаете лажни вести во медиумите и да го заштитите својот уред
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.