Windows10_Continuum-1C-798x310 copy

Корисници на Windows таблети и лаптопи со SSD дискови, имате причина за радување – Windows 10 ќе зазема многу помалку место на хард дискот отколку 8.1 верзијата, со цел да се отвори можноста за инсталирање повеќе апликации и програми на уредот.

Се чини еден од поважните детали во најновиот оперативен систем на Microsoft е токму тоа што ќе биде полесен, односно ќе зазема многу помалку место на вашиот компјутер. Иако на многумина со хард дискови со големина од преку 500 GB тоа и не им е многу важно, со лансирањето на таблети и евтини компјутери со SSD дискови од само 32 GB, пристигна и потребата од помал оперативен систем, бидејќи корисниците на тие уреди буквално можат да инсталираат само неколку апликации пред да го наполнат дискот. Истото важи и за поскапите ултрабук лаптопи, кои се опремени исклучиво со SSD дискови со 128 GB.

Затоа, уште при инсталацијата, новиот Windows 10 ќе процени колку простор има на дискот на компјутерот и според тоа ќе аплицира различни алгоритми за компресија на регистрите. Во превод, компјутерите со помал диск ќе имаат поголема компресија и обратно. Особена заштеда во просторот ќе има кај “back up” делот на оперативниот систем, односно системот за спасување на податоците. Тука, според информациите, ќе може да се ослободат дури до 12 GB простор.

Инаку, ваква компресија веќе се вградува во мобилната верзија на Windows Phone 8.1, бидејќи мобилните и така доаѓаат со мал простор во дисковите. Сепак, овие подобрувања можат да ослободат и уште неколку стотини мегабајти и кај оваа верзија на Windows 10, што е секако добредојдено.

Сепак, ќе има и уреди со послаби процесори кои нема да ги добијат овие подобрувања, бидејќи самата компресија на регистрите и датотеките ги намалува перформансите на компјутерот, односно таблетот, па така, при инсталирање на оперативниот систем, доколку истиот процени дека компресијата може да донесе до дијаметрално лоши перформанси при работењето со системот, може и воопшто да не заштеди на простор на дискот.

Извор: ZDNet, The Next Web

Претходна статијаLi Ning и Xiaomi ќе претстават паметни спортски патики
Следна статијаBeam – Проектор кој може да се прикачи на фасонка