Windows_Product_Family_9-30-Event-741x416

Како што повеќето од вас кои што ги следат случувањата поврзани со оперативните систем или конкретно со Windows, знаете дека моментално е во фаза на тестирање во форма на тест верзија наменета за програмерите и сите заинтересирани напредни корисници. Преку Windows Insider програмата можете да испраќате предлози и оценки за одредени работи во системот, а исто така можете да гласате на веќе дадените.

Минатата недела беше пуштена последната надградба за тест верзијата за оваа година, па интересот се пренесува на информациите кои што кажуваат што може да се очекува идната година. Финалната верзија од оперативниот систем за корисниците треба да биде достапна после Април, односно после одржувањето на Build 2015 конференцијата, но точната дата не е уште најавена, па пуштањето се очекува да биде било која дата до идното лето.

Од досегашната тест верзија може да се види доволно за тоа во кој правец ќе се развива Windows 10. Па така, оваа верзија го враќа Старт менито на кое што сега може да се ставаат и Life плочките, додаден е центар за нотификации, нови икони за програмите, нови анимации на прозорите, како и нивни нов дизајн, нов Старт екран за корисниците на хибридните уреди (Continuum), виртуелни десктоп околини, можност за отворање на модерните апликации во посебен прозор и повеќе.

Од почетокот на идната година се очекува да биде претставена и верзија погодна за користење од страна на обичните корисници, односно Consumer Preview. Достапноста на ваква верзија веќе видовме со Windows 8, па знаеме дека се работи за доволно стабилна верзија за обичниот корисник да може да ја користи. Се разбира и оваа верзија нема да биде препорачливо да ја користите како вашиот главен систем.

Она што се очекува да биде дополнително претставено од идната година, барем според изворите на Winbeta порталот е следното. Life плочките се очекува да можете да ги поставувате и на десктопот со што ќе може да се користат и како еден вид на модерна форма на старите виџети. Тие ќе ја задржат истата форма и функционалност, односно само ја добиваат уште една можност каде што ќе може да бидат поставени.

cvb

Ова според мене, доколку навистина е во план, е навистина корисна можност, па доколку користите некои апликации од кои што сакате редовно да ги добивате најновите информации, можете да ги ставите на место каде што секогаш најбрзо ќе можете да ги видите. Доколку конечно почнат да излегуваат повеќе нови и корисни апликации, тогаш оперативниот систем може да стане навистина добро направен.

Други новини кои што се очекуваа вклучуваат дополнителни нови икони за десктоп програмите со што би се стигнало до целосна замена на старите икони кои што се користат во неколку верзии од Windows. Можни се и дополнителни промени на корисничкиот интерфејс, меѓутоа информациите за тоа се мали.

Центарот за нотификации, односно Action Center како што е официјално наречен, треба да се унапреди од основната форма во која што е сега. Исто така се очекува да биде достапен и за корисниците на уреди со екран на допир, односно во модерната околина.

Исто така се очекува достапност на Cortana персоналниот асистент, меѓутоа не се знае дали достапноста ќе биде глобална или само во одредени земји како што тоа сега е случајот на Windows Phone.

Заедно со оваа верзија од Windows 10, се очекува објавување на повеќе информации, како и можност за тестирање од страна на корисниците на верзијата од оперативниот систем која што ќе биде прилагодена и наменета за мобилните телефони.

Извор: Winbeta, Windows Central

Претходна статијаЈавна демонстрација на високо интерактивната паметна табла SMART Board
Следна статијаWhatsApp воведе посилна енкрипција на комуникацијата за Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.