windows-10-logo-1

Media Creation Tool (MCT) алатката кој што Microsoft почна да ја нуди на корисниците почнувајќи од Windows 10, значително ги намали маките на корисниците кои што сакаат да го инсталираат оперативниот систем.

Оваа алатка до минатата недела ја симнуваше најновата верзија на Windows 10, односно 1511 build 10586, исто така позната и како ноемвриска надградба. Корисниците алатката можат да ја користат за надградба на нивниот систем, но поважно за правење на нова инсталација директно од системот или преку креирање на USB стик.

Без некое добро објаснување Microsoft ја тргна најновата верзија од Windows 10 од серверите, а со тоа ја тргна и можноста за симнување преку MCT алатката. Се што беше кажано е дека корисниците ќе можат да го надградат оперативниот систем на најновата верзија преку Windows Update, што значително ја продолжува процедурата за корисниците кои што сакаат да направат чиста инсталација.

Исто така, една од најголемите новости во 1511 верзијата е можноста да се користат сериските броеви од постарите верзии од Windows, што им овозможи на многу корисници кои што сакаат првпат да го инсталираат системот, тоа да го направат директно на најновата достапна верзија.

Сепак, за среќа на сите корисници, целата работа била поради баг кој што е откриен кај одреден број на корисници, па испадна дека тоа била причината за тргање на најновата верзија од серверите и MCT алатката. Багот во меѓувреме е среден, па Windows 10 1511 е повторно достапен за корисниците преку алатката.

Инаку, багот кој што би откриен има предизвикано одредени прилагодувања кои што ги имале корисниците во верзијата која што ја надградуваат, да бидат вратени на нивните стандардни вредности по надградбата. Ништо сериозно, меѓутоа поради тоа што дел од нив се поврзани со прилагодувањата за приватност, од Microsoft решиле да настапат претпазливо.

Во текот на оваа недела достапна беше надградба на системот преку Windows Update, која што го реши овој проблем, а со тоа овозможи повторно враќање на најновата верзија од системот на серверите од компанијата и MCT алатката.

Windows 10 Media Creation Tool можете да ја симнете преку овој линк и доколку сте корисник на лиценцирана верзија од Windows, да ја инсталирате најновата достапна верзија.

Извор: ZDNet, PCWorld

Претходна статијаWizz Air го пушти во употреба својот прв А321ceo авион
Следна статијаNokia 230 – Обичен мобилен телефон за селфи фановите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.