Google

Android Wear, досега познат како прилагодена верзија од Android наменета за паметните часовници и слични уреди, добива ново име. Wear OS by Google или на кратко Wear OS е новото име по кое од Google сакаат корисниците да го познаваат овој оперативен систем.

Причината за промената на името, како што може да се види од кратката објава на блогот на Google, е поврзувањето на платформата само со Android. Тие истакнуваат дека 1 од 3 Android Wear часовници се користат и со iOS уред.

Кога ќе се земе ова во предвид, навистина може да биде малку чудно за корисниците кои сепак не користат Android телефон за поврзување на нивниот часовник, а најверојатно повеќе проблематична е забуната која може да се јави кај корисниците кои сакаат да купат паметен часовник. Тие може да мислат дека часовниците кои работат на Android Wear, може да се поврзат само со Android уред, па да не ги ни земат во предвид.

Новиот слоган на оперативниот систем го докажува ова, а истиот гласи „Wear OS by Google, a wearables operating system for everyone.“

Од Google истакнуваат дека покрај промената на името, која корисниците ќе ја видат на своите часовници во неделите што следат, тие може да очекуваат од одредени нови функции. Какви ќе бидат тие нови функции не е истакнато, па останува да видиме кога истите ќе бидат претставени, дали се работи за нешто интересно и вредно за пренесување.

ИЗВОРVB
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаДоналд Трамп ќе формира вселенски корпус при Армијата на САД
Следна статијаВасил Стојчев: Фриленсер сте? Офлајн маркетинг е решението за вас
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.