Што може да се очекува од Windows оперативниот систем, односно во кој правец се очекува дека ќе оди развојот ? Одговорот на ова прашање најверојатно е многу лесен и претпоставувам дека повеќето би одговориле дека системот ќе оди во правец на се поголема интеграција на вештачката интелигенција, заедно со сите функции кои одат заедно.
Дека ова е правецот во кој се движи Microsoft, може да се заклучи од следење на компанијата изминатите година, а голема потврда дојде и од видео кое го објавија наречено Windows 2030 Vision.
Во ова видео корпоративниот потпретседател за бизниси и безбедност, Дејвид Вестон, во основа најавува дека најголема разлика ќе има во начинот на којшто се прави интеракцијата со компјутерите, односно дека глувчињата и тастатурите веќе нема да бидат главни.
Во ист правец оди уште едно видео објавено до компанијата, овој пат со Паван Давулури, главниот за развој на Windows, кој повторно ја истакнува важноста на гласовната интеракција во иднина.
Тој смета дека Windows во иднина ќе биде многу повеќе свесен за што е тоа што го прави корисникот, односно што се прикажува на екранот, правец во кој уште сега оди интеграцијата на вештачката интелигенција.
Windows ќе дојде со интегрирани повеќе видови на ВИ агенти кои ќе можат да завршат било каква активност за корисникот. Тие ќе имаат пристап до апликациите и податоците од корисниците, со што корисникот ќе може едноставно да побара било што.
Јасно е дека ќе поминат повеќе години додека дојде до целосна трансформација на Windows во еден гласовен асистент, а мислам дека има време додека на корисниците не им се потребни глувчето и тастатурата.
За почеток сигурно ќе има одредени активности кои ќе имаат голема предност доколку се направени со помош на гласовни команди и вештачка интелигенција, па би било добро Microsoft да се концентрира во развојот на такви функции.
Видеото можете да го погледнете во продолжение.