phone-photo-hero

За време на годинешниот CeBIT 2014 настан, главниот човек позади Ubuntu, Mark Shuttleworth излезе со неколку нови информации поврзани со мобилните телефони кои треба да бидат достапни оваа година, а ќе работат на мобилниот оперативен систем Ubuntu Touch. Како што е веќе најавено, првите договорите се направени со двата производители Meizu и BQ и истите ќе бидат првите официјални телефони кој што ќе работат на овој оперативен систем.

Според информациите кои што ги даде Mark Shuttleworth овие телефони кога ќе бидат достапни ќе се продаваат по цена од 200 до 400 долари, зависно од моделот. Истите, како што изјавува се во повисоката средна класа на мобилни телефони. Целта според него е да се конкурира на Android оперативниот систем, односно привлекување на неговите корисници. Според него тие нема да се трудат да ги привлечат корисниците на Apple производите затоа што тие имаат емоционална поврзаност со производите.

Друга информација која што ја даде Shuttleworth покажува како тој ги гледа оперативните системи во иднина, односно очекува и другите оперативни системи да одат во тој правец. Поточно се работи за можноста да Ubuntu телефонот го поврзете на монитор и истиот да служи како десктоп компјутер. Ова првпат беше претставено со Ubuntu for Android апликацијата преку која што корисниците можеа да го поврзат својот Android мобилен телефон на монитор преку док и да ја користат целосната Ubuntu верзија преку него.

Претходна статијаApple планира големо подобрување на Maps за iOS 8
Следна статијаGoogle ги намали цените за дополнителен простор на Drive
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.