drive_blog_pricing2

Google најави дека значително ги намалува цените за дополнителен простор на својот Cloud Storage сервис Google Drive. Бесплатните 15 GB остануваат како и досега за сите корисници кои немаат потреба за повеќе простор. Останатите пакети сега може да се купат по следните цени:

  • 100 GB – 1.99 долари, 90 денари месечно (намалено од 4,99)
  • 1 TB – 9.99 долари, 445 денари месечно (намалено од 49,99)
  • 10 TB+ – почнувајќи од 99,99 долари, 4.440 денари месечно

Корисниците може да изберат некој од овие пакети на следниот линк http://www.google.com/settings/storage, а сите корисници кои што веќе ги користат ќе можат бесплатно веднаш да се префрлат на новите пакети.

Оваа промена не доаѓа како изненадување после ребрендирањето на Cloud Storage сервисот од Microsoft, OneDrive и давањето огромни количини на простор бесплатно на корисниците на разни начини. Google Drive со овие цени станува најевтиното решение на пазарот.

Споредба на пакети за Cloud Storage

ПросторGoogle DriveMicrosoft OneDriveDropbox
Вклучен бесплатно15 GB7 GB2 GB
50 GB230 ден/месечно
100 GB90 ден/месечно370 ден/месечно450 ден/месечно
200 GB550 ден/месечно900 ден/месечно
500 GB2.200 ден/месечно
1 TB450 ден/месечно
Претходна статијаUbuntu телефоните ќе чинат од 200 до 400 долари
Следна статијаMicrosoft ја најави Office 365 Personal претплатата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.