KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Времето на договори помеѓу Русија и другите светски сили изгледа е барем привремено завршено. Тие во последните месеци се во еден вид економска војна, предизвикана од другите случувања кои што ни се на сите познати, па русите се повеќе се вртат кон други сојузници како Кина, на пример.

Во контекст на овие случувања, Русија сака да ја намали својата зависност од западната технологија која што моментално го држи поголемиот дел од светот. Веќе можевме да прочитаме за развојот на сопствен процесор кој што иако не е во рамките на најмодерните, ја покажува желбата за развој.

Последната иницијатива за поголема независност на Русија во технологијата е објавена од страна на рускиот министер за информации и масовни медиуми. Тој најавува дека во план е развој на посебен оперативен систем за мобилните уреди кој што треба да ги замени популарните iOS и Android.

Новиот оперативен систем се планира да биде направен на основа на Sailfish OS кој што е со целосно отворен код и е развиван од страна на Jolla, компанија од поранешни вработени во Nokia. Исто како и Android, овој оперативен систем е развиен на основа на Linux, што го прави отворен и погоден за разни промени и прилагодувања.

Планот на руската влада е да ја намали зависноста од странски технологии во наредните 10 години, од 95% на 50%.

За подобро прифаќање на новиот оперативен систем кој што треба да биде развиен, руската влада веќе е во преговори со одредени програмери да почнат да развиваат верзии од своите апликации за новиот систем.

Извор: ZDNet

Претходна статијаКурганец 25 – Руско оклопно возило кое се управува со џојстик налик Playstation
Следна статијаСтуденти по архитектура создадоа одело кое симулира спиење во бестежинска состојба
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.