Секој уред кој што се поврзува на некаква мрежа, вклучувајќи ги и мобилните телефони, имаат адреса составена од броеви, наречена МАC адреса, која што е уникатна за соодветниот уред и служи за негово идентификување во мрежата. MAC адреса имаат вашиот компјутер, мобилен телефон, таблет компјутер и било кој друг уред кој што има можност да се поврзе во мрежа.
Во САД, MAC адресите на уредите, поточно на мобилните телефони се користат во трговските центри, меѓу другото, за следење на редовните муштерии, односно колку често доаѓаат во трговскиот, во кои продавници влегуваат и слично, па врз основа на тие информации им се испраќаат реклами и промоции од продавниците. Ова во време кога полека излегува на површина до кое ниво властите, а и маркетинг агенциите ја користат технологијата за следење на луѓето, дефинитивно претставува нарушување на нивната приватност, посебно што поголемиот број од нив не ни знаат дека тоа се случува. За да може да бидат следени, корисниците е потребно да ги имаат вклучено Wi-Fi чиповите на нивните уреди, по што тие скенирајќи за достапни мрежи, ја оставаат MAC адресата, дури и да не се поврзат на Hotspot-от.
Според информациите до кои што има дојдено програмер, iOS 8 ќе користи различни, автоматски генерирани MAC адреси кога ќе скенира и се поврзува на Wi-Fi мрежите. Вистинската MAC адреса на уредот нема да биде прикажана, а со секое наредно поврзување истата ќе се менува. Со ова корисниците нема да може да бидат веќе следени, барем не преку овој начин, поради тоа што со менувањето на адресата, нема да се знае дали се работи за истиот или различен корисник.
Иако ова нема да го реши проблемот со следењето на корисниците и нивната комуникација, дефинитивно нема да остане забележано од страна на агенциите, на кои што во ваквите случаи ќе им биде отежната работата.
Извор: The Verge, @FrederickJacobs