Кога Google ја претстави наредната верзија од Android оперативниот систем наречена L, го претстави и новиот дизајн стил, Material Design, кој што ќе се користи. Овој стил од компанијата планираат да го користат на сите нивни платформи, а за поголемо унифицирање и следење на принципите, претставија посебен правилник кој што програмерите и дизајнерите ќе можат да го користат како водич за правењето или надградбата на нивните апликации.
Како и што се очекува, од сите работи што ги има објавено Google и кои што можат да се прочитаат за Material Design, овие дизајн правила ќе се користат и во Chrome OS. Верзија од овој оперативен систем која што ќе биде достапна за крајните корисници е се’ уште во развој, но затоа од компанијата претставија можност за тестирање на верзијата од програмерите. За обичните корисници тука е сликата (screenshot) од која што може да се добие претстава како ќе изгледа Chrome OS во иднина.
Моментално оценките за дизајнот кој што може да се види на сликата не се многу добри, меѓутоа сепак се работи за една слика која што не е доволна да може да се оцени целата работа. Исто така дизајнот е во развој, па додека стигне до крајните корисник сигурно ќе биде многу повеќе среден.
Она што може да се види од сликата се неколку прозори отворени и наредени еден зад друг, нешто што може да се види во Android L при отворање на активните апликации и табови на прелистувачот. Очекувано прозорите се направени со минималистички и рамен дизајн, нешто што е карактеристика на Material Design.
Извор: Google+