oxygen-Blog

OnePlus One е еден од тие паметни уреди кои тешко се забораваат. Во времето кога беше претставен пред јавноста привлече многу внимание со оглед на тоа што имаше перформанси еквивалентни на Samsung Galaxy S5 за практично половина цена. OnePlus One фабрички е испорачан со CyanogenOS, но компанијата одлучи дека е време да се врати на основите и да создаде оперативен систем кој ќе биде направен баш за овие уреди.

Целта на OxygenOS е да ја подобри функционалноста на уредите на OnePlus (OnePlus One кој е веќе на пазарот, и најавеноиот OnePlus Two) со тоа што ќе се оптимизира потрошувачката на енергија со цел да се продолжи векот на батеријата, и воедно се оптимизираат перформансите со цел да се извлече максимумот од уредот.

Дополнително OxygenOS има за цел да го поедностави користењето на уредот со воведување на попрецизни и поквалитетни гестикулации што вршат многу функции. Можноста за подобрено персонализирање на уредот е само дополнителен бонус од овој оперативен систем.

Со тоа што OxygenOS е развиен директно од OnePlus врз основа на барањата на корисниците, оперативниот систем ќе претставува баш тоа што го сакаат корисниците на OnePlus One. Како дополнителни предности се редовните ажурирања кои би имале поголем ефект (бидејќи се работи само за еден до два уреди кои би го користеле оперативниот систем), помалку непотребен софтвер и минималистички пристап.

Инаку, OxygenOS е развиен врз Android Lollipop, и е оптимизиран да има подобра комуникација помеѓу хардверот и софтверот.

Единствен проблем со OxygenOS е што сеуште нема автоматски начин за инсталирање на овој оперативен систем, така што корисниците кои би сакале да го имаат ќе мора рачно да го флешираат на нивниот OnePlus One уред. OnePlus имаат објавено детални инструкции како да се изврши целата процедура, а доколку имате OnePlus One уред, можете да го спуштите OxygenOS на следниов линк.

Извори: OnePlus, Engadget, Techradar

Претходна статијаMarkO со нова продукциска верзија на Google Play Store
Следна статијаПротечени нови информации за Sony Xperia Z4