Screen-Shot-2014-02-19-at-7.35.18-pm-600x362

Центар за нотификации (notification center), како што веќе одамна се користи во Android, а и во iOS уредите е можеби една од најбараните функции на Windows Phone корисниците. Според сите информации до кои што може да се дојде оваа долго очекувана и барана функција ќе биде претставена во новата верзија Windows Phone 8.1. Како што веќе напишавме центарот за нотификации ќе биде наречен Action Center и истиот ќе биде составен од копчиња за брзо вклучување и исклучување на Wi-Fi конекцијата, Bluetooth, јачината на екранот и слично, како и листа од добиените нотификации од апликациите.

Поради пуштање на SDK алатката од страна на Microsoft на група на програмери, веќе неколку недели гледаме информации протечени на интернет кои ги потврдуваат големиот број на шпекулации, како и информираат за нови функции. Во видеото што можете да го погледнете на крајот од текстот, може да се види дека во Windows Phone 8.1 ќе биде вклучен Action Center и ќе функционира според најавените информации.

Поточно истиот ќе ги има 4 копчињата за брзо вклучување и исклучување на одредени функции, а истите ќе може да се избираат преку менито за прилагодување на центарот. Може да се види достапноста на Bluetooth, Brightness, Camera, Flight Mode, Internet Sharing, Location, Project my Screen и Rotation Lock, но се очекуваат и уште неколку можности. Исто така достапна е и можноста за бирање на апликација која што ќе биде главна за добивање на пораки, наместо вградената Messaging. До четирите копчиња се доаѓа со кратко повлекување од горниот дел од екранот, а со целосно повлекување со прикажува листата со нотификации од апликациите.

Извор: Unleash the phones

Претходна статијаКонцепт на кориснички интерфејс за автомобилите, како тие треба да изгледаат
Следна статијаLaforge Icis – паметни диоптриски очила кои ќе сакате да ги носите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.