Фото: Apple

Верзиите на оперативните системи од Apple моментално се бројки кои го означуваат редоследот на претставување, па така оваа година на ред доаѓаат iOS 19, iPadOS 19, macOS 16, watchOS 12, tvOS 19, како и visionOS 2. 

Според извори на Марк Гурман, од компанијата планираат промена на овој начин на „броење“ на верзијата, па од оваа година бројката која ќе стои ќе биде врз основа на годината. 

Наместо iOS 19, Apple наводно оваа година ќе го претстави iOS 26, бројка која ја означува годината, односно поголемиот број на месеци во кој ќе функционира оваа верзија. 

Соодветно на ова, останатите системи ќе бидат наречени iPadOS 26, macOS 26, watchOS 26, tvOS 26 и visionOS 26. 

Целта на оваа промена наводно е унифицирање на сите системи, па корисниците веќе нема да мора да се мислат која верзија е актуелна, која ја користат и која доаѓа на ред. 

Дека од компанијата размислуваат за дополнително унифицирање на корисничкото искуство говорат и гласините кои излегуваат овие месеци, а кои тврдат дека Apple ќе претстави поголем редизајн на сите системи. Една од новините со редизајнот ќе биде и поголема унифицираност на системите, односно додавање повеќе сличности помеѓу нив, како на пример повеќе macOS функции на iPadOS. 

ИЗВОРApple Insider
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаКаратисти на „Макпетрол“ ќе се натпреваруваат на Светската Премиер-лига во Мароко
Следна статијаBespoke Jet AI Ultra: Револуција во светот на правосмукалките
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.