Софтверскиот гигант од Редмонд вети на корисниците дека Windows Server 2016 ќе биде достапен на средината од Октомври и тоа и се случи – оние кои направија преднарачка веќе ги добиваат своите изведби. Серверскиот оперативен систем донесува големи промени и подобрувања и е дел од стратегијата за донесување на бизнис корисниците во облакот на Microsoft.
Windows Server 2016 е инаку серверска изведба на популарниот оперативен систем, која е скалабилна и може да ја користат и најмалите претпријатија, но и големите компании. Заедно со оваа изведба, достапен ќе биде и System Center 2016 софтверот, кој овозможува напредно менаџирање на серверите и десктоп компјутерите во компанијата.
Најголема предност на новиот Windows Server 2016 е што корисниците ќе можат целосно да го користат во облакот на Microsoft, наречен Azure. Ова значи дека тие нема да мора да вложуваат во посебни серверски единици, односно ќе можат да ја користат моќта на серверите на Microsoft. Всушност, Windows Server 2016 Microsoft го гледа како портал кон сите сервиси на компанијата, односно како производ кој ќе ги обедини во единствено решение за компаниите.
Наскоро Microsoft ќе го понуди Azure Stack и за оние кои ги сакаат главните сервиси на облакот на Microsoft, како и компјутерската моќ и онлајн просторот, но во свои сервери и дата центри.
Извор: Tech Crunch, ZDNet, Microsoft