Полека се ближи крајот на Windows 10, односно датата после која Microsoft веќе нема да пушта никакви надградби за системот. Таа дата е 14 октомври оваа година, по што корисниците реално ќе бидат во одреден ризик, а и недостиг на поддржани апликации.

Microsoft објави реклама во која токму овој дел го истакнува, односно ризикот кој корисниците би го имале дококлу останат на Windows 10. Рекламата е наречена „Вистинската страна од ризикот“, а интересно е што преку истата од компанијата промовираат само еден производител на чипови. 

Во рекламата Microsoft ги истакнува предностите во купувањето на нов компјутер со Intel чип, а сега најчесто се промовираат чиповите кои имаат поддршка за Copilot+ компјутерите. 

Не е познато зошто од компанијата не ги промовираат сите можности за корисниците, односно компјутери со чипови од Qualcomm, AMD и Intel, а посебно што на почетокот Qualcomm доби предност при промоцијата на Copilot+ компјутерите. 

Без разлика на рекламата, се очекува дека голем дел од корисниците ќе продолжат да го користат Windows 10 уште одреден период, дел ќе се префрлат на Linux, а секако дел од корисниците ќе купат нови компјутери. 

Претходна статијаSamsung ќе започне со бришење на подолго време неактивните сметки на корисниците
Следна статијаКако да го направите телефонот на вашето дете безбеден: Водич за родители
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.