Со најавата на Windows 11, уште во летото, Microsoft најави дека со новиот оперативен систем ќе дојдат и целосно редизајнирани „emoji“ икони. Овие икони ќе бидат направени според стилот на одличниот Fluent дизајн од компанијата, во кој е направен и целиот Windows 11.

Иконите имаат две верзии, односно класичната 2D верзија, како и 3D, но овие икони ќе се прикажуваат само во апликациите кои ќе имаат поддршка за нив, како на пример Microsoft Teams, Skype и другите апликации од компанијата.

Во Windows најбрзо се стига до изборот на икони со притискање на Windows копчето на тастатурата, заедно со точка копчето. Иако повеќето апликации за разговори имаат сопствени икони, сепак можеби на некој ќе му се допаѓа изборот кој го нуди Microsoft.

Треба да се нагласи дека другата страна ќе ги види овие икони соодветно на поддршката што ја има апликацијата и системот на кој функционираат, што значи дека не секогаш ќе може да ги видат новите Fluent икони кои ги гледа корисникот што ги испраќа.

Microsoft го најави пуштањето на новите икони оваа недела само за корисниците на Windows 11, а ќе ги добијат тие кои ќе ја инсталираат опционалната November 2021 Windows 11 Preview надградба. Истата е достапна преку Windows Update, па кој не сака да ја инсталира, може да почека до наредната серија на надградби идниот месец.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаSamsung: Претставен ажурираниот софтвер One UI 4
Следна статијаGoogle наводно го одложува претставувањето на „преклоплив“ Pixel поради неможноста да му конкурира на Samsung
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.