Неколку пати можевме да прочитаме дека и Google планира да влезе на пазарот на уреди чии екрани се превиткуваат, а последната информација дојде од самиот код на Google Camera апликацијата. Овој уред се веруваше дека би бил претставен идната година, но тие планови изгледа се променети.

Според најновите информации, Google ги има откажано нарачките за делови за изработка на Pixel Fold, како што е можно да се вика уредот. Како причина за ова откажување се истакнува неможноста да се конкурира на Samsung, кои оваа година отидоа доста напред со нивните Galaxy Z Fold3 и Z Flip3.

Со други зборови, пазарот на уреди со екрани кои се превиткуваат уште е мал, а цената на овие уреди е доста висока. Тоа значи дека овој пазар, кој Samsung во главно го држи, е тежок за влегување и потребно е претставување на навистина усовршен уред.

Поради можните проблеми со самиот екран кој се превиткува, како и механизмот околу него, корисниците треба да имаат голема доверба во производителот за да еден уред може да се продава. Samsung веќе е во третата генерација од овие уреди, па веќе има доволно искуство, а идната година се очекуваат уште подобри верзии.

Според информациите, Google не се откажува од плановите за претставување на преклоплив Pixel, па тоа сигурно ќе го направи најрано во втората половина од идната година, но повеќе веројатно во 2023.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаMicrosoft почна да ги пушта новите emoji икони направени во Fluent дизајн стилот за корисниците на Windows 11
Следна статијаНовата трака за трчање Xiaomi WalkingPad R2 достапна во Смартус со супер намалена цена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.