Windows-10-Range-Lumia-950-950XL-jpg

Еден од поголемите проблеми со кои што се соочуваат корисниците, а посебно на Android оперативниот систем, е кога тие можат да очекуваат дека ќе ја добијат најновата верзија од системот на нивниот уред.

Зад оваа одлука обично стојат производителите на уредите, како и операторите на мобилните мрежи кои што прво сакаат да ги направат потребните тестирања, па да дозволат надградбата да стигне и до корисниците.

Искуството покажува, освен кај Apple, дека корисниците многу ретко ја добиваат најновата верзија од оперативниот систем, а доколку ја добијат, тоа е месеци по официјалното излегување на истата.

Веќе можевме да прочитаме дека Microsoft не планира да дозволи ова да биде случајот со корисниците на Windows 10, односно дека тие планираат да ја преземат контролата над процесот на надградби.

Ова значи дека корисниците можат да очекуваат да ја добијат најновата верзија од оперативниот систем, многу брзо по нејзиното официјално пуштање во јавноста. Со тоа ќе се спречи појавата на фрагментација на уредите, односно верзијата од системот на која што работат.

Оваа информација од компанијата ја потврдуваат за порталот WMPowerUser, за кои што изјавуваат:

Microsoft е во блиска соработка со мобилните оператори за поддршка на нивните тестирања и нашата потреба да ги задоволиме и надминеме моменталните стандарди за квалитет. Ќе ги користиме нивните предлози, но ќе одлучиме кога да ги испратиме надградбите врз база на информациите од мобилните оператори и нашите Windows инсајдери.

Оптималниот начин да се осигуриме дека корисниците работат на најдобриот Windows, е да им ги овозможиме најновите надградби за Windows 10. Овозможувањето на Windows 10 како сервис значи дека ќе овозможиме редовни безбедносни надградби, нови функции и можности – сакаме да се осигуриме дека луѓето ќе можат да имаат пристап до најновите Windows 10 надградби штом станат достапни.

Ова значи дека како корисници на Windows 10, веќе нема да чекате недели, па и месеци, додека ја добиете најновата верзија од оперативниот систем кој што продолжува редовно да се развива преку Windows Insider програмата.

Извор: WMPU, TechRadar

Претходна статијаAUDS – Систем за далечинско соборување на беспилотни летала
Следна статијаArchos GranitePhone е целосно енкриптиран телефон за загрижените од шпионажа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.