PC Health Check апликацијата изминатото лето стана позната поради нејзината функција да ја провери компатибилноста на компјутерот со Windows 11, иако истата прво требаше да биде повлечена, па пуштена во нова верзија за истото да го прави како што треба.

Сега Microsoft се реши да им ја инсталира оваа апликација на сите корисници на Windows 10 преку последната надградба на системот. Апликацијата ќе биде автоматски инсталирана, но нема да се вклучува автоматски, што значи дека од компанијата сепак нема да им ја наметнат апликацијата до тој степен.

Причината за ова според Microsoft не е промовирање на Windows 11, туку овозможување на корисниците да можат да проверат неколку информации за својот компјутер од едно централно место.

PC Health Check апликацијата, покрај тоа што може да ја провери компатибилноста на компјутерот со Windows 11, им овозможува на корисниците да ја проверат состојбата на бекап преку OneDrive, дали системот е на најновата верзија, да го прикаже капацитетот на батеријата, како и капацитетот и искористеноста на просторот на дискот каде е инсталиран системот, да го провери времето на стартување на системот и апликациите кои се вклучуваат заедно со системот, а тука се и некои препораки за одржување на „здравјето“ на компјутерот.

Од компанијата истакнуваат дека апликацијата нема да биде на овој начин инсталирана на Windows 11, што остава впечаток дека сепак нејзиното инсталирање на Windows 10 е поврзано со промоцијата на новиот оперативен систем.

Најверојатно, користејќи ја апликацијата корисниците би биле повеќе мотивирани да купат понов компјутер кој подобро ќе се покаже преку апликацијата.

PC Health Check апликацијата ќе може да се избрише, а истото се прави како и за било која друга апликација од компјутерот преку Apps & Features делот во Settings апликацијата од Windows 10.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаИмпакт Фондација во соработка со домашните тренинг центри ќе ги изготват првите наставни програми за фриленсинг
Следна статијаДенови на Италија во Тинекс – The Extraordinary Italian taste
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.