Популарноста на ChromeOS и Chromebook лаптопите во образовните институции направи да и Microsoft се обидат да влезат во овој дел од пазарот. Во 2021 година од компанијата го претставија Windows 11 SE заедно со Surface Laptop SE, замислени за образовните институции и конкуренција со Google.
Главната карактеристика која Windows 11 SE ќе мора да ја има е малите ресурси кои се потребни за функционирање, а со тоа и можноста да функционира на поевтин хардвер, нешто што е клучно за повеќето образовни институции.
Ова е нешто што ChromeOS одлично го постигнува, па во 2021 се веруваше дека и Microsoft конечно ќе успее да овозможи полесна верзија од Windows која ќе троши помалку, нешто по кое не е познат овој оперативен систем.
Може слободно да се заклучи дека Windows 11 SE не успева да ја постигне целта, па сега типично за Microsoft изминатите години, оваа верзија од системот веќе нема да биде развивана.
Од компанијата со кратка информација истакнуваат дека Windows 11 SE нема да ја добие наредната поголема надградба, односно 25H2, а во октомври 2026 ќе заврши и целосно поддршката.
Од компанијата класично препорачуваат корисниците да се префрлат на уред кој ја поддржува целосната верзија од Windows 11, а со оглед на тоа што целта на SE беше поевтин хардвер, прашање е колку од тие уреди се компатибилни.
Исто како со Windows 10 и надградбата на Windows 11, Microsoft ги насочува корисниците кон купување на нови компјутери, нешто што тешко дека би им поминало во образовните институции.
Не е познато колку корисници има Windows 11 SE, но со оглед на откажувањето на развојот, не верувам дека се толку многу.