Фото: Shutterstock.com

Останува уште една недела до почетокот на WWDC 2025 и главната презентација на која ќе ги видиме сите новини поврзани со оперативните системи од Apple. 

Според сите информации кои можевме да ги прочитаме досега, Apple главното внимание ќе го насочи кон редизајнот на системите, кој изгледа ќе биде доста голем, а и ќе донесе поголема унифицираност помеѓу различните уреди. 

Уште една информација која се „протна“ изминатите денови е и таа дека Apple ќе го промени начинот на којшто ги означува верзиите кај оперативните системи, нешто што исто така ќе биде унифицирано. Според информациите, бројката на верзијата ќе биде заменета со бројот на годината, односно наредната верзија од iOS, изгледа ќе биде наречена iOS 26. Истата промена се очекува кај сите системи од компанијата. 

Марк Гурман, од каде доаѓаат овие информации, сега го најави и името кое ќе се користи кај macOS 26, а како што знаеме кај овој систем од компанијата секогаш додаваат име од некои од националните паркови и локации во Калифорнија.

macOS 26 наводно ќе го носи името macOS Tahoe, по познатото езеро во Калифорнија, Lake Tahoe. Ова езеро е доста познато во САД, истото е популарна дестинација за одмори, а не ретко го има и во филмови. 

Според Гурман, од името може да се види дека наредната верзија од macOS ќе донесе поголеми промени, а го истакнува и изгледот на сликите од езерото кои асоцираат на промените кои се очекуваат со редизајнот. 

Уште само една недела не дели од потврда на сите информации кои ги прочитавме досега, па ќе видиме што точно ќе биде претставено. 

ИЗВОРBloomberg
Претходна статија„Авенга академи“ ја лансираше LearnAI Lab: Идеално креирана програма за брза адаптација на ВИ
Следна статијаДецата и младите креираа кампања против омразата на интернет
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.