Реакциите за новиот дизајн на корисничкиот интерфејс кај iOS, iPadOS, macOS, watchOS и tvOS се поделени. Едно е јасно, ретко кој немаше реакција за Liquid Glass дизајнот, а Apple привлече дополнителна дискусија со неколкукратното менување на нивото на „стакленост“ кај елементите во системот.
За програмерот Крег Хокенбери не е до крај јасно зошто од Apple се имаат одлучено за овој дизајн, кој според него никој го нема барано. Споредбата ја прави со промените од iOS 6 кон iOS 7 кои сепак доста биле потребни, но додавањето на ефекти на проѕирност не донесуваат ништо корисно според него.
Тој смета дека Apple ги подготвува програмерите, а и корисниците, за поголема промена во дизајнот на iPhone, промена која ќе го направи телефонот целосно стакло од предната страна со малку заоблени страни од екранот.
Како доказ за ова тој ја прави споредбата со промената на правилата за тоа во кој дел и од каде во корисничкиот интерфејс можат да бидат апликациите пред претставувањето на iPhone X и исечокот на горната страна.
Сега Apple од програмерите бара апликациите да не ги допираат краевите од екранот, со што веднаш станува веројатна логиката на Хокенбери.
Целата објава на програмерот можете да ја прочитате тука.