Фото: Генерирана од ВИ

Доколку се погледнат бројките од Statcounter за јули, односно од изминатите година дена, може да се види дека Linux има пазарен удел од 4,45%, со што слободно може да се очекува надминување на 5% во наредните месеци. 

За споредба, Linux пред само две години имаше удел од 2,7%, што значи дека гледаме скоро дуплирање на бројот на корисници од 2022, па наваму. 

Достигнувањето на пазарен удел од 5% се очекува до февруари идната година, доколку продолжи истиот тренд на зголемување од изминатите неколку години. 

Кога се говори за Linux секако не се мисли на еден оперативен систем. Корисниците имаат избор од поголем број на дистрибуции од кои повеќето се бесплатни и достапни за сите корисници. Како најпозната дистрибуција би ја издвоил Ubuntu, но има уште 4-5 дистрибуции кои би ги истакнал како вредни за користење. 

Една од пречките за поголем број на корисници на Linux секако е потребата од нешто повисоко ниво на познавање за да може да се „снајдат“ корисниците на овој систем, иако Ubuntu и сличните ја прават оваа потреба доста помала. 

Тука секако е и достапноста на апликации и игри, нешто што за огромен број на корисници е единствен проблем да се решат за оваа бесплатна и отворена алтернатива. 

Сепак, со падот на популарноста на Windows 11, а посебно потешкото префрлување на овој систем, како и високата цена на Apple уредите, посебно за компаниите кои треба да планираат повеќе уреди, Linux како алтернатива станува се попривлечен. 

На ова треба да се додаде и фактот дека се повеќе игри се достапни, а посебно по достапноста на Steam продавницата за игри. 

Претходна статијаSamsung Galaxy A55 5G и Watch FE – телефон и часовник за секого
Следна статијаОд „Better Call Saul“ до „Подобар живот“, од медиуми до вештачка интелигенција, од Miach до Fedde le Grand на Weekend.17 
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.