Овогодинешната Galaxy A серија, со која покрај Galaxy A55 5G беше претставен и Galaxy A35 5G пристигна соподобрена динамична функција Nightography, со која ноќните фотографии достигнуваат нови димензии кога станува збор за нивниот квалитет, без оглед во какви услови на осветлување ќе сликатее или снимате. Доколку се одлучите за Galaxy A55 5G, добивате уред со напредна обработка на сигналот на сликата со вештачка интелигенција кој дава неверојатни резултати дури и во најтемно опкружување. Оптичката стабилизација на слика (OIS) и видео дигиталната стабилизација на слика (VDIS) ќе обезбедат остри и стабилни снимки во секое време. Екранот Super AMOLED ја прикажува сликата во Full HD со неверојатна јасност и живописни бои, додека пак технологијата Vision Booster дополнително гарантира дека екранот е јасен и осветлен при секакви надворешни услови, подобрувајќи го целокупното искуството, не само согледањето, туку и со играње игри.
Ако треба да се сумираат најдобрите карактеристики на Galaxy A55 5G, тогаш покрај фантастичните перформанси на камерите, би го издвоиле и едноставниот и елегантен дизајн со метална рамка, подобрениот Octa-core процесор кој ќе ви овозможи лесен мултитаскинг, стриминг и гејминг, поддршката за до 4 генерации на надградба на Android и One UI, како и пет години безбедносни ажурирања
Што се однесува до рачниот паметен часовник Galaxy Watch FE, тоа е уред кој ќе го користите за повеќе намени. Првенствено, тој ќе стане ваш личен асистент за здравјето и мотиватор да водите активен живот. Опремен со напреден Samsung BioActive сензор, Galaxy Watch FE може да обезбедува низа моќни функции за фитнес и велнес кои нудат персонализирани и корисни совети 24 часа на ден. Ќе можете да го следите својот напредок низ повеќе од 100 различни вежби од вашиот зглоб зглоб, и кога е потребно ќе можете да примате предупредувања за високи или ниски отчукувања на срцето, известувања за неправилен ритам, анализа на трчање и персонализирана зона на отчукувањата на срцето за време на вежбањето. А доколку поинтензивно спортувате, напредната анализа на трчање ќе ви помогне не само да ги анализирате своите вкупни перформанси за максимална ефикасност, туку и да добивате увид и упатства за превенција од повреди, за да можете непречено да се движите кон своите цели. Со постојаниот увид во параметрите за вашите телесни масти и мускулната маса кои ќе можете да ги следите на часовникот од вашиот зглоб, ќе научите подобро да го разбирате вашето тело и полесно да стигнете до посакуваните резултати.
Но идејата позади Galaxy Watch FE не е само да се грижи за вашето здравје кога сте активни и во текот на денот, туку и во текот на ноќта додека спиете. Земајќи го предвид исто така огромното значење што за севкупната здравствена благосостојба го има ноќното спиење кај луѓето, Galaxy Watch FE нуди различни напредни функции, од следење на обрасците и фазите на спиење, до совети како да спиете подобро, и да создадете средина погодна за добар сон.
И за крај – кога е естетиката во прашање, овој часовник го поседува веќе познатиот и препознатлив кружен дизајн на Galaxy. Лесен и пријатен за носење, можете да го имате во црна, розово-златна или сребрена боја и нови ремчиња со јасни сини и портокалови шевови. Со Super Almoled екран и оценка IP68, Galaxy Watch FE нуди врвна издржливост и штити од гребаници при секојдневното носење.