Фото: Apple

Иако новиот голем редизајн на оперативните системи од Apple се тестира веќе со месеци, за повеќето корисници оваа новина стана достапна од оваа недела, поточно од понеделникот кога беа пуштени надградбите на iOS 26 и останатите. 

Liquid Glass е името на новиот дизајн на корисничкиот интерфејс, а како што кажува и самото име, поголемиот дел од елементите сега добиваат поголема проѕирност и ефекти слични со стакло. 

Во голем дел може да се каже дека овие промени се добро направени, но во одредени делови човек може да се праша дали од компанијата воопшто ги имаат тестирано доволно. Уште од првата бета верзија за програмерите почнаа критиките, па можевме да видиме и неколку промени на интерфејсот од страна на Apple. 

Сега по официјалното пуштање на iOS 26, iPadOS 26, macOS 26 Tahoe, watchOS 26 и tvOS 26, реакциите изгледа не се нешто посебно различни од првата бета. 

Според следењето на реакциите на форумот на MacRumors, Reddit и форумот за поддршка на Apple, корисниците воопшто не им се допаѓа Liquid Glass. 

Забелешките кои можат да се видат се однесуваат на анимациите, константната промена на боите, шареноста, контрастот, изгледот на иконите, конзистентноста на дизајнот, читливоста на текстот и повеќе. 

Во објавата за ова од страна на MacRumors тие истакнуваат дека вакви биле реакциите и при поголемата промена на дизајнот која последен пат се случи со iOS 7 верзијата и промената од оригиналниот изглед кон повеќе модерен со рамни елементи. 

На крајот може да заклучиме дека Apple сепак ќе добива критики за новиот дизајн, а со тек на време може да очекуваме и доволни измени за да промените бидат прифатливи, како што се прави и секогаш. 

Корисниците за кратко време ќе се навикнат на новиот изглед, кој сепак не го менува суштински начинот на користење на iPhone и другите уреди, а поголемиот дел од новините изгледаат супер.  

Претходна статијаОткриени можните инвеститори за купување на TikTok во САД
Следна статијаMeta претстави нови Ray-Ban очила кои ја намалуваат потребата од проверка на телефоните
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.