Оваа промена до пред некоја година немаше да биде нешто посебно важна, но со подобрувањето на Microsoft Store, а со тоа и доста подобрата достапност на апликации, корисниците почесто се решаваат да ги инсталираат своите апликации преку оваа продавница. 

Оваа бројка верувам дека сѐ уште не е до толку голема, иако ги немам точните бројки, па сигурно повеќето корисници се решаваат за стариот и познат начин за инсталација на апликации на Windows.

За тие кои сепак ја користат продавницата за апликации, Microsoft направи промена која може да влијае на корисничкото искуство. 

Ажурирањето на апликациите веќе не може да биде исклучено, па апликациите автоматски ќе се ажурираат. Тоа што корисниците можат да го направат на местото на можноста за исклучување, е паузирање на автоматското ажурирање од една до пет недели, по што сите апликации ќе бидат ажурирани. 

Ова секако се однесува само на апликациите инсталирани преку Microsoft Store, а не тие кои се симнати од „интернет“ и инсталирани преку „.exe“ датотека. 

Јас лично никогаш не ги оставам апликациите неажурирани подолго време, но има корисници кои не сакаат потенцијални промени, а тука се и корисниците кои зависат од работата со некоја апликација и не сакаат да ризикуваат потенцијален проблем. 

Добро е што решение за овој мал проблем има и е едноставен, а тоа е инсталација на апликациите посебно, наместо преку Microsoft Store. 

ИЗВОРPCMag
Претходна статијаСлика ја споредува дебелината помеѓу Galaxy S25 Edge и сѐ уште неофицијалниот „iPhone 17 Air“
Следна статијаGalaxy S26 ќе донесе промени во линијата на уреди и нов OLED екран
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.