matrix-434035_640

Linux/Unix, а со тоа и OS X платформата се сметаат за многу посигурни кога е во прашање ризикот од малициозен софтвер. Тоа е така покрај поради начинот на работа на овие оперативни системи, но и поради значително помалиот број на корисници кои ги користат.

Затоа навистина важно е за корисниците кога ќе излезе вест којашто е поврзана со малициозен софтвер за овие платформи.

Во текот на викендот беше потврдена, според информациите, појавата на првиот целосно функционален ransomware, односно малициозен софтвер којшто врши заклучување на одредени фајлови на компјутерот за што бара плаќање на откуп за нивно ослободување.

fig1-500x284

KeRanger е името кое е дадено на овој малициозен софтвер, а истиот ги „заразува“ компјутерите преку верзија од познатиот Transmission BitTorrent клиент. Тој исто така е потпишан со валиден Mac сертификат за развој на апликациите, поради што и успешно се инсталира.

По инсталирањето, софтверот не прави ништо во период од 3 дена, по што врши енкрипција на одредени фајлови, односно ги заклучува за корисникот да не може да пристапи до нив. Сумата којашто треба да се плати за отклучување изнесува 1 Bitcoin, што е околу 400 долари.

Transmission е апликација со отворен код, а не е јасно како малициозниот софтвер е поставен во фајловите за инсталација. Верзијата од апликацијата која го имала софтверот е 2.90, којашто веќе е сменета и осигурана.

Според компанијата која го има откриено малициозниот софтвер, ваквите случки треба да се очекува да зачестат на OS X. Тие веќе одамна се чести на Windows, како и на мобилните платформи, па очигледно претставуваат добар начин за заработка на хакерите.

Извор: Palo Alto Networks, ARS Technica, MacRumors

Претходна статијаКолку секој од нас е одговорен за сопствената среќа?
Следна статијаПрви фотографии од HTC 10 – новиот знаменосец на тајванската компанија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.