htc-10-news-leak-970-80

Последниве две години, HTC е во константен пад на продажната на смартфони, а тоа особено важи за нивната популарна “One” серија од високата класа, која иако нуди квалитетно смартфон искуство, сепак не донесе специјални новитети како конкурентите, а исто така и секој нов модел претерано многу наликуваше на претходникот. Новиот HTC 10 би требал да ги врати на патот на успехот, иако барем според првите протечени информации од твитер профилите @onleaks и @evleaks, повторно не нуди нешто особено ново.

На пример, стерео звучниците “Boom Sound” по кои се познати телефоните на HTC и кои сеуште нудат најдобро аудио искуство од сите смартфони во класата, очигледно нема да ги има во новиот уред. Да, можеби тоа не беше адут кој ја покачи продажбата, но повеќето од актуелните корисници на HTC One смартфони буквално го имаат купено смартфонот заради нив и да се разочараат големите фанови на брендот секако дека не е добар знак.

Дизајнот е сепак напреднат, особено во предниот дел, каде рамката околу дисплејот е очигледно многу помала од таа на актуелните модели, кои се непопуларни токму поради големиот простор околу екранот, но ова веројатно можеше да се направи и без да се тргнат звучниците. Позади, изработката на алуминиумот е малку поразлична и тој очигледно е засечен на страните, што е веројатно направено за да биде поудобен за држење во рака.

Новиот модел ќе има поголем дисплеј – 5,15 инчи во дијагонала, конечно со Quad HD резолуција, додека процесорот ќе биде новиот Snapdragon 820 со Adreno 530 графика и 4 GB рам меморија, што е прилично стандардно за новите Android смартфони од високите класи. HTC 10 ќе биде опремен и со 32 GB простор, со можност да проширување преку micro SD картичка.

Според најавите, камерата ќе има 12 мегапиксели и истата би требало да биде драматично подобрување во однос на актуелниот модел, што значи дека конечно би можеле да видиме HTC смартфон со квалитетна камера. Како и повеќето нови смартфони и HTC 10 ќе има симетричен USB Type-C приклучок, кој ќе овозможи брзо полнење, но и многу побрз трансфер на податоци.

HTC 10 најверојатно официјално ќе биде претставен на 11-ти април, но како и секогаш, деталните информации сигурно ќе ги имаме многу порано, па затоа, следете не секојдневно.

htc-10-photo-leaks-650-80

Извор: The Verge, TechnoBuffalo, TechRadar

Претходна статијаKeRanger – Првиот целосно функционален ransomware кој ги таргетира Mac компјутерите
Следна статијаПочина човекот кој се смета за пронаоѓач на модерната имејл комуникација