Повеќе пати порано се споменуваше името Andromeda кога уредот од Microsoft со два екрани, не беше уште претставен. Во тоа време не се ни знаеше дека Microsoft ќе отиде во овој правец, односно во претставување на уред со два екрани, кој на крајот испадна да работи на Android.

Дечките од Windows Central, кои ги следат сите случувања поврзани со Microsoft, дојдоа до тест верзија од Andromeda OS инсталиран на Lumia 950. Како од Microsoft го имаат замислувано овој оперативен систем може да се види од целосната негова презентација во видеото од Windows Central, а се гледа дека се работи за недовршена верзија која сепак не е замислена да функционира на обичен смартфон.

Тоа што привлекува посебно внимание е ставањето на главен акцент на можноста за пишување со пенкалце. Корисниците би можеле да пишуваат директно на екранот додека уредот е заклучен, а и самиот главен екран не е со икони или „живи плочки“ туку нешто слично на OneNote каде корисниците веднаш можат да почнат со пишување.

Исто така интересна е интеграцијата на Cortana со известувањата, па до нив се стига со притискање на Cortana копчето, а се разбира тука се и дополнителните функции кои ги нудеше во тоа време овој дигитален асистент.

Покрај Cortana копчето, на другата страна од е поставено Старт копчето кое како што би се очекувало го отвара Старт менито кое изгледа исто како во Windows 10. Тука се „живите плочки“ на кои може да им се менува големината, да се организираат во папки и слично.

Видеото е во продолжение.

Претходна статијаTM Roh го најави најдобриот Samsung Galaxy S уред досега
Следна статијаЗимска бајка во Ист Гејт Мол: Уникатна забава, уживање и шопинг за сите генерации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.