ios-9-hero

Почнувајќи од вчера, корисниците на мобилните уреди од Apple, можат да ги надградат истите на најновата верзија од iOS оперативниот систем. iOS 9 може да го инсталираат корисниците на следните уреди:

  • iPhone 4S, 5, 5C, 5S, 6, 6 Plus
  • iPad 2, трета и четврта генерација Retina iPads, двата iPad Air и сите iPad Mini
  • петта и шеста генерација на iPod Touch

Како и обично, надградбата на новата верзија од системот е бесплатна за сите корисници, а може да се инсталира директно од уредот, како и преку iTunes и поврзување со компјутер.

Дали треба веднаш да ја инсталирате најновата верзија? Одговорот на ова прашање е релативен и се сведува на видот на корисник. Доколку не можете да чекате и ве интересираат ваквите активности, слободно инсталирајте ја најновата верзија. Инаку, можете и слободно да причекате одреден период, да бидат пријавени сите проблеми и багови, па тогаш да ја донесете својата одлука.

Инаку, за разлика од претходните 2 верзии, iOS 9 во главно е систем со најмногу промени во позадина, па не треба да се очекуваат многу новини, а посебно во корисничкиот интерфејс. Изгледот на оперативниот систем е скоро ист со претходните верзии, но затоа може да се очекува многу подобра работа на уредите со другите промени.

Инсталирањето на iOS 9 исто така треба да се истакне дека за разлика од претходната верзија, нема да зафаќа ни приближно толку простор, па не треба да се очекуваат минатогодишните проблеми со недостаток на простор при инсталацијата.

Со iOS 9 исто така треба да се очекува подобра ефикасност кога се работи за потрошувачката на енергија. Корисниците ќе кажат на крај, меѓутоа најавено е нешто подолго траење на батеријата.

Од останатите новини кои што ги донесува iOS 9 се истакнуваат најмногу новата можност за мултитаскинг за iPad. Корисниците сега имаат можност да користат два апликации одеднаш во поделен на половина екран. Исто така, оваа нова функција овозможува и краток преглед на една апликација која што се поставува на дел од екранот над таа што во моментот се користи.

Од оваа верзија, Siri исто така добива одредени нови можности, а слободно може да се каже доста време очекувани. Siri ќе стане поинтерактивна и податоците ќе ги вади и од пораките на пример.

iOS 9 исто така добива и нов режим за работа при ниско ниво на батеријата кој што овозможува уште неколку часови на работа.

Претходна статијаФинална пресуда: Машини vs. работни места?
Следна статијаMicrosoft сака да ја внесе Cortana и во автомобилите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.