Google Play Store доби поддршка за промотивни кодови, односно кодови со коишто програмерите ќе можат да им дадат попуст на корисниците за своите апликации или работи коишто се купуваат во самата апликацијата.
Концептот е познат, само што поради некои причини досега не беше достапен на платформата од Google. Корисниците коишто ќе имаат добиено промотивен код, ќе можат да го внесат при симнување на платена апликација или при купување нешто во самата апликација и со тоа да добијат намалување на цената или нејзино целосно тргање.
Промотивните кодови нема да важат за работи коишто доаѓаат со претплата, односно тие ќе бидат еднократни.
Со претставувањето на промо кодовите, Google постави и одредени правила за програмерите. Тие ќе можат да доделуваат максимум 500 кодови во една четвртина во годината. Неискористените кодови нема да може да се префрлат во наредната четвртина, а исто така тие ќе имаат рок на траење од една година.
Кампањите кои што ќе ги прават со овие кодови, ќе може да бидат паузирани, односно програмерите ќе имаат целосна контрола на тоа кога нивните кодови ќе може да бидат искористени.
Корисен додаток во продавницата за апликации од којшто корист ќе имаат како корисниците, така и програмерите.
Извор: Google, TNW, Android Police