Фото: Shutterstock.com

Корисниците на навистина стари Android телефони, кои сепак се ретки, почнувајќи од 27ми септември, нема да можат да се најават на апликациите од Google од овие стари уреди. Се работи за уреди кои работат на Android верзијата 2 (Gingerbread), поточно најновата од тоа време, 2.3.7.

На сопствениците на овие уреди Google почна да им испраќа имејл известување со кое ги информира за ситуацијата и ги советува да го надградат својот уред доколку истото е можно. Доколку не е можно, најавувањето на овие апликации ќе биде можно само преку мобилниот веб прелистувач.

Функционирањето на апликациите ќе остане можно за корисниците на Android 3 и 4, односно понови.

Бројот на корисници на старата Android верзија е доста мал, сепак се работи за верзија постара од 10 години. Од Google истакнуваат дека причината за овој потег е заштита на приватноста на корисниците.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 291Mobiles
Претходна статијаGoogle го претстави Pixel 5a кој е мала надградба од ланските модели
Следна статијаMicrosoft го прикажа редизајнот на Paint апликацијата во Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.