Со iOS 14.5, Apple ја воведе од лани најавуваната новина поврзана со приватноста на корисниците, а која може да го промени интернет рекламирањето најмногу од сите слични функции досега.

Наречена ATT, односно App Tracking Transparency, на корисниците им овозможи избор дали сакаат да дозволат еден вид на следење за рекламни цели. Со ова следење, се креира посебен профил со „желбите“ на корисникот и се зачувуваат во единствениот рекламен број, односно Advertising ID, кој апликациите можат да го користат и со тоа да му прикажуваат на корисникот реклами кои за него би требало да бидат важни.

После години на повеќе случувања, оваа практика веќе официјално се смета за нарушување на приватноста на корисниците, а сега и Google ќе се приклучи на Apple со давањето на избор на корисниците дали би сакале да ја дозволат или не.

До крајот на годината, Google ќе почне да ја спроведува веќе достапната можност во Android да корисниците се откажат од својот Advertising ID, односно од можноста да апликациите го користат.

Иако и сега е достапна оваа можност, со промените Google, односно Android системот, веќе нема да им овозможува пристап на апликациите за корисниците кои решиле да се откажат од можноста за користење на бројот за реклами.

Промените се очекуваат прво да бидат воведени со Android 12, а подоцна и кај претходните верзии од оперативниот систем.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Совети за повозрасни возачи
Следна статијаРаботна средба на Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска со Директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија Душко Пешиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.