Фото: Shutterstock.com

Google најави значајна промена во развојот на Android оперативниот систем. Целокупниот процес ќе се одвива приватно, без јавен пристап до развојните гранки. Оваа одлука има за цел да го поедностави развојниот процес и да ги намали доцнењата помеѓу интерните и јавните гранки на Android Open Source Project (AOSP). ​

И покрај оваа промена, од компанијата истакнаа дека ќе продолжат да прифаќаат придонеси и од надворешни програмери. Тие ќе можат да поднесуваат предлози преку јавниот AOSP Gerrit систем, каде што Google инженерите ќе ги прегледуваат и, доколку се прифатени, ќе ги вклучуваат во интерната гранка за идни изданија.

За развивачите, ова значи дека aosp-main гранката ќе биде заклучена и поставена како само за читање. Наместо тоа, се препорачува користење на android-latest-release гранката, која секогаш се однесува на најновото AOSP издание. Во моментов, оваа гранка се однесува на android15-qpr2-release, а се очекува во јуни да се префрли на android16-release.

Оваа одлука на Google има за цел да го подобри безбедносниот аспект на Android и да го поедностави процесот на развој, но истовремено ја намалува транспарентноста која досега беше карактеристична за AOSP. 

Останува да се види како ова ќе влијае на заедницата на програмери и на идните верзии на Android.​

Оваа новина не прави никаква директна разлика за крајниот корисник. Корисниците како и да е на своите телефони користат посебно развиени верзии од Android, а во случајот со Pixel корисниците Google тој развој го имаше затворено од остатокот. 

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаTotal TV станува дел од Телеком Србија – што значи ова за постоечките корисници?
Следна статијаВрвни уреди со унапредени Galaxy AI функции со кои добивате фантастични подароци
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.