windows-8-1-laptop

Новата верзија на Windows донесе нови функции, но исто така одредени функции што беа достапни во верзијата 8, се тргнати во верзијата 8.1. Кои функции Microsoft реши да ги тргне во Windows 8.1?

1.       Messaging апликацијата

messaging-app-tile

Оваа апликација беше наменета за разговор со вашите Windows Live Messenger пријатели, чет сервис кој што е веќе затворен и сите контакти префрлени на Skype. Исто така преку Messaging можевте да се поврзете и разговарате со вашите Facebook пријатели, нешто што сеуште не е можно со „модерната“ верзија на Skype. Сепак со пуштањето на Windows 8.1 и исклучувањето на Messaging достапна стана официјалната Facebook апликација, преку која што може да разговарате со пријателите.

2.       Windows Experience Index

windows-experience-index

Ова е алатка која правеше скенирање на хардверот на вашиот компјутер и доделуваше оценка која треба да претставува одреден показател за јачината на хардверските компоненти и со тоа искуството што може да го очекувате при користење на компјутерот.

3.       Сликите од Facebook и Flickr во Photos апликацијата

windows8photosapp

Photos апликацијата нудеше можност за најавување на Facebook и Flick и со тоа сите слики од овие сервиси можеше да ги гледате директно преку оваа апликација. Истата можност е сега укината, па преку апликацијата може да ги гледате сликите од вашиот компјутер и од Skydrive.

4.       Libraries

Ова беше функција на Windows File Explorer со која вашите Documents, Music, Pictures и Videos папки беа прикажани на почетокот на десната лента за побрзо пристапување до истите. Сега истите се достапни доколку ја проширите This PC локацијата, а исто така може да ги вратите со притискање на View лентата, па на Navigation Panel менито.

libraries-restore

5.       Windows 7 File Recovery

Функција за правење на Backup на Windows сега заменета со File History.

6.       Нови апликации закачени на Start екранот

cluttered-start-screen-windows-8

Во Windows 8 сите нови апликации инсталирани во Start или Desktop околината беа стандардно додавани како плочки закачени на Start екранот. Сега што и да инсталирате се додава во All Apps, па треба да ја најдете апликацијата и ако сакате да ја закачите на Start екранот.

7.       My Computer

thispc

Познатата My Computer локација на која што беа прикажани сите ваши дискови, сега има ново име, This PC.

8.       SkyDrive десктоп програмата

SkyDrive е интегриран во Windows 8.1, па поради тоа веќе ја нема програмата преку која што ги правевте сите прилагодувања околу синхронизацијата со облакот. Сега прилагодувањата се дел од главните PC Settings.

Претходна статијаMicrosoft ја тргна десктоп плочката од новите Surface 2 таблет компјутери
Следна статијаLightbeam за Firefox покажува кои компании ја следат вашата интернет активност
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.