Lightbeam е Add-on за Firefox кој ви овозможува преку графички приказ да видите кои трети страни имаат интеракција со вас при посетата на одредена веб страна. Во главно тоа се маркетинг компании, социјални мрежи, како и самата страна што ја посетувате.
Како функционира овој Add-on?
Кога ќе посетите некоја веб страна, кликате на Add-on-от и истиот прикажува визуелизација во вистинско време од сите трети страни што се активни на страната која ја посетувате. Информациите ви се прикажани во форма на графикон. Како што посетувате друга страна, означени ви се сите трети страни што се исто така активни и на втората страна и ви покажува кои од нив ве имаат видено на двете страни. Покрај графиконот, имате можност да ги видите информациите и по час во форма на часовник или детален преглед преку листа.
Mozilla претходно имаше претставено сличен Add-on наречен Collusion, па Lightbeam е продолжение на работата која воведува повеќе функции.
Lightbeam за Firefox можете да го симнете на следниот линк или кликнете на горната слика.