iOS 26 донесува дополнителна заштита за помладите корисници, односно за децата, па покрај досегашната можност за проверка на сликите, сега FaceTime ќе го паузира видео повикот доколку биде забележана голотија.
Иако е замислена за заштита на децата, оваа функција во бета верзиите од iOS 26 функционира за сите, а засега не е познато дали Apple планираат тоа така да го остават или се работи за грешка.
Причината поради којашто ваквите функции привлекуваат внимание повеќе е поврзана со приватноста на корисниците. Тие не би сакале да добијат впечаток дека Apple има пристап до нивните разговори, а посебно на платформа каква што е FaceTime, која е позната по приватноста и шифрираната комуникација.
Од компанијата очекувано истакнуваат дека ваквите функции функционираат локално, а тие немаат пристап до содржината во никој случај, но сепак самиот факт што се поставува таквото прашање, може да е проблем.
До пуштањето на iOS 26 за сите корисници има уште нешто помалку од три месеци, па ќе видиме до тогаш какви се функции ќе има овој оперативен систем.