Windows Phone 8.1 стана достапен за програмерите пред точно еден месец. Како што можевте да прочитате, секој заинтересиран со креирање на бесплатна сметка на Windows Phone App Studio, може да се здобие со статус на програмер (иако не е) и со тоа да може да го надгради својот телефон на најновата верзија од овој оперативен систем, пред обичните корисници да може да го направат истото. За инсталирање на надградбата се што треба е да ја инсталирате и Preview for Developers апликацијата и да проверите за надградби преку менито на уредот.
Доколку сте еден од тие кои што ја имаат искористено оваа можност, денеска ви препорачуваме повторно да проверите за надградби, затоа што е достапна првата надградба на оперативниот систем, по неговата достапност минатиот месец. Надградбата не е голема и не донесува нови функции, туку таа се концентрира на закрпување на одредени багови пријавени од корисниците, како и подобрување на работата на батеријата. Втората работа сигурно е добра вест, затоа што по инсталирање на 8.1 верзијата, нашиот уред забележа пад на траењето на батеријата, нешто што е случај кај голем број на корисници, барем од тоа што можевме да го најдеме на интернет.
Првата работа која што ние ја проверивме дали е средена е неможноста за отворање на напредните прилагодувања (advanced settings) во Internet Explorer, а со тоа и можноста за користење на Reading View функцијата. Проблемот е исправен и функцијата може слободно да се користи.
Информација за достапноста на надградбата ја објави Joe Belfiore преку неговиот Twitter профил.
Running #WP8.1 Developer Preview? GO CHECK FOR UPDATES! we have news bits with plenty of bug fixes including some battery improvements! @joebelfiore