Windows_10

Една од најчудните најави кои што можевме да ги прочитаме поврзани со новиот Windows 10, беше најавата дека и корисниците на таканаречената пиратска верзија од Windows ќе можат бесплатно да направат надградба на најновата верзија.

Ова иако чудно, делуваше возможно за голем број луѓе поради фактот што Microsoft се соочува со пад на популарноста и корисниците на нивната платформа, па не би ги изненадило тие да направат се што можат да ги задржат и вратат корисниците.

По ваквата најава од компанијата следуваше објаснување кое што сепак појасни дека корисниците на неофицијална верзија од оперативниот систем, нема да можат да добијат бесплатна надградба. Тие доколку го надградат нивниот Windows 7 или 8.1 оперативен систем на Windows 10, верзијата нема да добие официјална лиценца и ќе остане пиратска.

Минатата недела Тери Маерсон повторно излезе со нови информации кои што треба дополнително да ги разјаснат работите околу надградбите. Со оглед на тоа што оперативниот систем се’ уште е во развој, повторно остануваат некои неодговорени прашања, меѓутоа генерално ја добиваме потребната слика за работата.

Корисниците на пиратска верзија од Windows 7 и 8.1 ќе можат да го надградат нивниот оперативен систем, меѓутоа за истото сепак ќе треба да платат. Она што тие може да добијат е одредена посебна понуда, како што ја нарекуваат, во соработка со партнерите на Microsoft.

Корисниците на пиратска верзија од Windows 10 ќе имаат ознака на десктопот која што ќе ги потсетува дека верзијата што ја користат е нелегална. За истото ќе добиваат и известувања кои што ќе ги потсетуваат на истото.

Ова не е нешто различно од досегашната практика за другите верзии од Windows. Изгледа дека целата најава за бесплатна надградба и за пиратските верзии е одредена маркетинг одлука која што сепак не поминала како што треба. Нема ни логика Microsoft да дозволи бесплатна надградба за некој кој што не сака да плати за производот, додека другите треба да плаќаат.

Инаку, да потсетиме, бесплатна надградба на Windows 10 за првата година од достапноста ќе добијат корисниците на легална верзија од Windows 7 и 8.1. И за ова се’ уште нема доволно информации, па се очекува тие да бидат пуштени во наредните месеци, со оглед на најавената достапност на системот за ова лето.

Извор: Microsoft, ZDNet, Engadget

Претходна статијаMeizu MX4 со Ubuntu, конечно достапен во продажба
Следна статијаLight Phone е многу мал и ултра лесен обичен телефон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.