Фото: Shutterstock.com

Apple го најави влезот во светот на генеративната вештачка интелигенција уште во јуни 2024 година со претставувањето на Apple Intelligence. Една од понапредните функции на Apple Intelligence беше нова и понапредна верзија од Siri, кој требаше да биде пуштена оваа година, но како што знаеме, од компанијата не успеаја да го направат тоа. 

Очекувањата сега се насочени кон идната пролет, повторно со .4 верзиите од системите од компанијата, па според Марк Гурман, Apple веќе ја тестира напредната верзија од Siri. 

Тестирањето се прави со апликациите од компанијата, но и со други апликации како што се Uber, AllTrails, Threads, Temu, Amazon, YouTube, Facebook, WhatsApp и други. 

Тоа што новата и напредна верзија од Siri треба да може да направи во основа е тоа што беше најавено минатата година. Siri ќе може да го разбере корисникот што сака да направи со апликациите и врз основа на пристапот до нив, како и што е во моментот отворено на екранот, да изврши скоро било каква активност. 

На пример, Siri ќе треба да може да направи измена на слика, па истата да ја прати преку Mail или да ја сподели на Instagram. Исто така, Siri ќе треба да може да додаде коментар на друштвените мрежи, да даде одговор врз основа на повеќе пораки и слично. 

Од компанијата планираат ограничен пристап до апликациите како тие од банките, а можно е Siri воопшто да не функционира со овие апликации.

За идната пролет се очекува дека Siri ќе им стане достапна на корисниците во САД, односно на уредите кои го користат англискиот јазик од САД, по што се очекува во повеќе земји. 

За жал, за разлика од ChatGPT и Gemini, Apple засега не покажува подготвеност за поддршка на повеќе јазици, вклучувајќи го и македонскиот. 

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаКорејски „јутјубер“ се снимаше како го преклопува Galaxy Z Fold7 повеќе од 200.000 пати
Следна статија20 години Proxiad SEE: Две децении раст, иновации и доверба
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.